klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Англиската ФА му ја повлече поддршката на Инфантино, УЕФА размислува за тужба

Англиската ФА му ја повлече поддршката на Инфантино, УЕФА размислува за тужба
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·03. 08. 2026. 10:44:44

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) ќе го повлече писмото со кое претходно ја поддржа кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА, по бурните реакции што ги предизвика неговиот план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство. ФА кон крајот на јуни испрати писмена поддршка за реизборот на Инфантино, но сега донесе одлука таа официјално да биде повлечена. Овој потег следува по соопштението на англиската асоцијација објавено во саботата, во кое беше побарана „целосна и темелна ревизија на раководењето и управувањето со ФИФА, со цел светскиот фудбал да биде воден транспарентно“. Истовремено, и Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) ја повлече својата поддршка. „Фудбалската асоцијација на Велс ја потврдува одлуката да ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за претседател на ФИФА во мандатот 2027–2031 година. Неодамнешните пропусти во доброто управување, процедурите, лидерството, вредностите, односот кон засегнатите страни, комуникацијата и расудувањето доведоа до тоа Инфантино да ја загуби довербата на ФАВ да остане на чело на светскиот фудбал. Неуспехот интересите на фудбалот да се стават на прво место е нешто што не можеме да го прифатиме“, се наведува во соопштението. Во меѓувреме, УЕФА преку своите адвокати од Соединетите Американски Држави испратила официјално правно известување до…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti