klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Англија се плаши од Дибу Мартинез: „Сан“ ги објави неговите „10 валкани трикови“

Англија се плаши од Дибу Мартинез: „Сан“ ги објави неговите „10 валкани трикови“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·15. 07. 2026. 16:11:08

Фактот што англискиот таблоид „Сан“ му посвети цел текст на Емилијано Мартинез пред полуфиналето на Светското првенство, можеби е и најголемото признание за аргентинскиот голман. Британскиот медиум објави листа со неговите наводни „10 валкани трикови“, од заплашување при пенали и вербални провокации, до одолговлекување, директен поглед кон изведувачите и свесно преземање на улогата на „негативец“. Но, текстот повеќе открива колку Англичаните се плашат од Дибу Мартинез, отколку што покажува каква било вистинска неправилност во неговото однесување. Листата, всушност, е ненамерно објаснување зошто аргентинскиот чувар на мрежата е еден од најстрашните голмани во светскиот фудбал. Мартинез не го контролира само сопствениот шеснаесетник, туку и психологијата на противникот. Ја користи својата висина за да изгледа уште поголем пред изведувачот, намерно го продолжува времето пред пенал, разговара со судијата, ја задржува топката и со директен поглед создава дополнителна нервоза. Сето тоа го прави во рамките на правилата и со една јасна цел – да ја наруши концентрацијата на противникот. Таканаречените „трикови“ што ги набројува „Сан“ се дел од арсеналот на секој врвен модерен голман. Разликата е во тоа што Мартинез ги применува со многу поголема театралност, интензитет и самодоверба, па затоа тие изгледаат повпечатливо и се многу поефикасни. Најдобар доказ е Светското првенство…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti