klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 08. 2026. 10:48:06

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина загрозувајќи ги двете села. ​Ми се јави итно градоначалникот на општина Градско, бараше итна помош, рече Ангелов. Наведе дека тука итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината Китка. -Ги пренасочив овде, помогнаа за почетно фаќање контрола врз овој пожар, а веднаш потоа продолжи со дејство и полицискиот хеликоптер. ​Голема благодарност и до локалното население коешто со трактори излезе да заора, да направи противпожарни пресеки и со тоа да го пресече овој пожар. Се надевам дека набргу истиот ќе биде целосно изгаснат, истакна Ангелов во видео изјава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti