klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар се подобрува

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар се подобрува
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 08. 2026. 11:50:56

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов денеска информира за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, последните анализи покажуваат подобрување на квалитетот на водата во споредба со претходните мерења, но потребно е дополнително време таа да биде прогласена за безбедна за пиење. Во однос на пожарит, по текот на денешниот ден се евидентирани нешто повеќе од пет пожари на отворен простор, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да биде ставен под контрола, истакна Ангелов. Како што информираше, во текот на вчерашниот ден биле изгаснати повеќе од 25 пожари на отворен простор, а најкомплексен бил пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, во близина на Самоков. - Пожарот навлезе на тешко пристапен терен каде што интервенираа голем број пожарникари од Македонски Брод и три пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување. Конечен удар на пожарот му зададе дождот што заврна на ова подрачје во текот на вчерашното попладне- појасни Ангелов. Тој посочи дека вчера бил регистриран и поголем пожар во Општина Новаци, при што изгорела поголема површина рамничарски предел. Благодарение на интервенцијата на пожарникарите, локалната самоуправа и земјоделците кои помогнале со механизација, пожарот бил запрен и изгаснат. Според информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti