klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 08. 2026. 18:42:47

Состојбата со водата во Гостивар посетепено се стабилизира. Бројот на бактерии е значително намален, но водата се уште не е подобна за употреба како вода за пиење и останува забраната за нејзино пиење и готвење. Водата може да користи како техничка вода. Агенцијата за храна и ветеринарство е таа која што ќе каже кога водата ќе биде добра за пиење, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, кој воедно е и шеф на Кризниот штаб формиран од Владата. Агелов рече дека најверојатно водата ќе биде дозволена за пиење наредната недела, ако резултатите останат вакви какви што се сега. Во однос на присуството на бактерија од застоена вода во водоводот, Ангелов во интервју за ТВ Канал 5 рече дека во јавноста настанало недоразбирање бидејќи количината на таа бактерија била многу ниска, но сепак ја прави водата непогодна за пиење, но не и опасна за граѓаните за користење како техничка вода. Од друга страна, вели тој, поради хиперхлорирањето што трае веќе подолго време состојбата е значително подобрена, но откако ќе се утврди во неколку резултати последователно, барем три дена, дека нема присуство на каква било бактерија, односно дека водата е микробиолошки исправна, треба да се почека вишокот на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti