Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме што го зафати Скопје и предизвика материјални штети и паднати дрвја, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот и дека нејзината проверка е објективна и неселективна. Ангелов наведува дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани законите, прописите и стандардите. - Оние градби кои не ги исполнуваат неопходните критериуми природата ги оштетува, корне или руши. Без двојни стандарди, без ургенции, без пријателски врски - истакнува Ангелов. Тој посочува дека природата не прави селекција ниту кога станува збор за дрвјата, при што ги крши слабите гранки и корне нестабилни или оштетени дрвја. - Природата не ја интересираат ниту еколошките организации кои ги штитат дрвјата дури и тогаш кога тие се стари, нестабилни или гнили. Природата чисти сѐ по ред. Ги корне или крши слабите гранки, корне и крши цели дрвја - дополнува тој. Апелира до сите учесници во процесот на градење да бидат совесни и доследно да ги почитуваат предвидените норми и стандарди, бидејќи, како што наведува, никој не знае кога природата повторно ќе изврши „контрола“. Воедно, директорот на ДЗС ги повика и еколошките организации да покажат…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Hrvatski astronom upozorava: Za 100 godina nas možda neće biti, mladi su razlog tome
