klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ангелов: Најмалку 11 активни пожари во државата, најкритично кај Струмица, Студеничани и Желино

Ангелов: Најмалку 11 активни пожари во државата, најкритично кај Струмица, Студеничани и Желино
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 08. 2026. 13:47:16

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. - Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од првиот ред. На терен се пожарникарите од Струмица, а побарав и итна помош од противпожарните екипи од Валандово и Радовиш - изјави Ангелов. Според него, сериозен пожар е активен и на подрачјето на Општина Студеничани, каде огнената стихија се движи кон планинското село Цветово и претставува закана за објект во кој, најверојатно, има трло. Ангелов информира дека активен е и пожарот во атарот на тетовското село Церово во Општина Желино, кој избувнал вчера и се шири кон ридскиот предел. - Гори неквалитетна шума, грмушки и трња, но постои опасност да бидат зафатени и лозовите насади во овој реон. Разговарав со командирот на ТППЕ Тетово, кој ќе испрати дополнителни екипи за заштита на лозјата и околниот имот - рече директорот на ДЗС. Тој наведе дека нови пожари се регистрирани и во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti