klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·24. 08. 2026. 12:17:45

Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. -Помеѓу нив имавме неколку исклучително тешки шумски пожари коишто избија во сред борова шума. Таков беше пожарот којшто изби во близина на границата со Бугарија, на територијата на општина Пехчево, во атарот на селото Црник. Тежок пожар за којшто не очекував дека ќе биде изгаснат. Благодарение на извонредната координација на градоначалникот на Пехчево, со поддршка на три ер трактори на ДЗС, овој пожар најпрво беше ставен под контрола, а потоа и целосно изгаснат. Денес не дава знаци на горење- истакна Ангелов во попладневната изјава. Тој додава дека наредниот тежок шумски пожар беше во атарот на село Бигла, некаде на средина помеѓу Македонска Каменица и Делчево и за којшто, посочи, не очекувал дека ќе биде ставен под контрола. -Благодарение на силната пожртвуваност на градоначалникот и сите екипи коишто ги повика на терен, со поддршка и на локалното население, овој пожар беше ставен под контрола и сè уште го држиме под контрола. Истиот не дава знаци на ширење, понекаде чади само во изгорениот дел. Од страна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti