klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ангелов: Активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се големи

Ангелов: Активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се големи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·21. 08. 2026. 13:52:51

На територијата на државата до овој момент активни се повеќе од 15 пожари на отворен простор. Од нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, четири се големи пожари коишто ни задаваат сериозни главоболки. Најголем пожар, и понатаму останува пожарот во Мариовскиот регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес ставен под делумна контрола. -Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е значително намален. Можеби во вечерните часови ќе се приближи кон селото, но таму, на лице место, се наоѓаат сили од локалните пожарникари, поддржани со тимовите за брз одговор на ДЗС, составени од доброволци од Битола, Кочани и Виница. Имаме и четири екипи со специјални возила, односно огнените тимови на Дирекцијата - изјави Ангелов. Овој крак, како што посочи Ангелов, можеби во вечерните часови ќе се приближи кон селото, но околу селото се направени специјални противпожарни пресеки, коишто огнот не би требало да ги помине. Како што информира Ангелов, тука се и луѓето коишто ќе се борат со огнот доколку огнот се спушти ниско кон селото. Се работи за линија од можеби еден - два километри, за разлика од претходните повеќе од 25 километри. -Од другата страна, гледано кон магистралниот пат Прилеп–Битола, состојбата е…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti