klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар

Ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 15:13:04

За потребите на Гостивар денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур, кажа Ангелов. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар. Ангелов повтори дека нема промени со состојбата во Гостивар, односно водата се уште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии. Според него, водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекува да биде прогласена за исправна, додека хиперхлорирањето продолжува понатаму.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti