Анеке Брасинга: Поезијата е јазик што нè зближува, а малите јазици го чуваат достоинството на народите

Поезијата е простор на слободата, а јазикот не смее да биде средство за поделби, туку мост што ги зближува луѓето, смета годинашната добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, холандската поетеса Анеке Брасинга. „Златниот венец“ го доживува како огромна чест и признание што не го очекувала, а објавувањето на својата поезија на македонски јазик го нарекува длабоко трогателно искуство. Во интервју за МИА таа споделува дека за неа пишувањето и преведувањето се две лица на истиот творечки чин, едното ги преведува туѓите текстови, а другото сопствените мисли и слики. За малите јазици, како што се холандскиот и македонскиот, вели дека тие секогаш можат да ја одбранат својата автономија со тоа што ќе ја одржат жива својата употреба. Во текот на вашата кариера добитник сте на бројни награди и признанија. Колку Ви значи „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата? - Да, па можеби и премногу. Но, оваа награда ја сметам за прилично исклучителна затоа што мислам дека, освен на поетските фестивали, јас сум практично непозната во поширокиот свет на читателите на поезија. Некој како Бродски или Маргарет Атвуд, тие веќе имале глобална публика. А јас, секако, немам, тоа е факт. Така што, бев многу изненадена што ја добив…
Povezane vijesti

Анеке Брасинга: Поезијата е јазик што нè зближува, а малите јазици го чуваат достоинството на народите

Брaсинга: Струшките вечери на поезијата имаат одек што трае долго по фестивалот
