Андреа Пирло е нов селектор на Италија

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло ќе биде нов селектор на италијанската репрезентација, објави реномираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Пирло ќе го наследи својот поранешен соиграч Џенаро Гатузо, кој не успеа да ја одведе Италија на СП што значи дека „аѕурите“ ќе го пропуштат и третиот последователен Мундијал. „Андреа Пирло го прифати усниот предлог и наскоро ќе стане нов селектор на Италија. Тој кажа ‘да’ на долгорочниот проект што му го претставија Паоло Малдини и Леонардо." Пирло ја започна својата тренерска кариера во 2020 година на клупата на Јувентус, а потоа ги предводеше Фатих Карагумрук во Турција и Сампдорија. Од минатото лето е тренер на Дубаи Јунајтед во Обединетите Арапски Емирати, а сега е подготвен за најголемиот предизвик во својата тренерска кариера – да ја врати Италија на патеките на успехот и повторно да ја одведе на големите натпреварувања.


