Sport Sjeverna Makedonija
Андреа Илиќ ќе брани за Плзен

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·09. 08. 2026. 05:54:35
Македонската репрезентативка Андреа Илиќ во новата сезона ќе има прв интернационален предизвик во кариерата. Илиќ ја напушта Македонија и се сели во Чешка, каде што ќе го брани голот на Плзен. Плзен е дел од регионалната МОЛ лига, натпреварување во кое покрај чешките настапуваат и најдобрите словачки екипи. Во последната сезона тимот го заврши првенството на десеттото место. За Илиќ ова претставува ново поглавје во кариерата и прв ангажман надвор од Македонија. 25-годишната голманка потекнува од Металург, а во изминатите години беше дел од Вардар, каде што се наметна како една од најдобрите голманки во македонскиот женски ракомет.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

