klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·27. 06. 2026. 10:51:04

Уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор, зашто првата задача на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе биде, во најголема можна мера да го дигитализира македонскиот дигитален јазичен корпус. И во таа смисла, ќе имаме производ — алатка што работи на македонски јазик, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Одговорајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното во изминатите две години, Андоновски напомена дека втората фаза ќе почне од есен, со имплементација во петте клучни области: енергетиката, јавната администрација, културата, здравството и земјоделството. - Во ерата на вештачката интелигенција, малите јазици немаат право на пасивност. Ако не е инвестирано во македонскиот јазик во дигиталниот простор, ризикуваме тој да биде потиснат од големите јазични модели и глобалните платформи. Затоа „Везилка“ не е технолошки проект, туку е проект за македонскиот јазик, македонското знаење и македонската дигитална иднина. Го формиравме и Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, во соработка со ФИНКИ. Ова е проект со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, со поддршка од Европската Унија, во кој државата обезбеди поддршка од над 90 милиони денари. Целта е да се развие голем јазичен модел на македонски јазик, да се дигитализира македонскиот…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti