Андоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на население

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Андоновски истакна дека проектот претставува конкретен и перспективен прв чекор кон продлабочување на дигиталната и економската соработка меѓу двете земји. „Целта е практична и насочена кон граѓаните – доверливите и точни податоци да ги претвориме во подобри одлуки и поквалитетни јавни услуги. Централниот регистар на население веќе претставува основа за сигурни дигитални услуги и проверка на идентитетот, а со неговото унапредување ќе создадеме уште поефикасен и поповрзан систем“, нагласи Андоновски. Предлог-проектот предвидува поврзување на клучните матични евиденции, подобрување на квалитетот на податоците со примена на вештачка интелигенција и развој на аналитички алатки за креирање политики засновани на податоци и докази. Примената на новите технологии ќе се спроведува со институционална проверка и задолжителен човечки надзор. Со реализацијата на проектот се очекуваат побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите, помалку административни постапки и подобро насочување на јавните инвестиции. „Компаниите не треба да бидат курири меѓу институциите…
Povezane vijesti

Мицкоски: Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар, одговорните ќе сносат последици

Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница
