Андоновски: СДС, ДУИ и Таравари додека се радуваа на победата се беше добро, а денес кога треба реакција и одговорност ги нема, зошто доцни реакцијата ?

Вистинското лице на коалицијата СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар излезе на површина. Додека ги лажеа Гостиварчани пред изборите дека ќе донесат подобар живот, денес истите не оставија без елементарната потреба од вода, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК Гостивар. „СДС, ДУИ и Таравари додека славеа и се радуваа на победата се беше добро, а денес кога треба реакција и одговорност никаде ги нема. Зошто доцни реакцијата ? Зошто немавме брза реакција на службите на локално ниво и одговорност? Дали СДС, ДУИ и Таравари сметаат дека овој скандал ќе помине неказниво? Над 1000 наши сограѓани беа директно или индиректно завршени во болница поради труење од несовесното раководење на општинските институции. Затоа, бараме одговорност и расплет на овој скандал кој го доживува Гостивар. Дополнително, лицемерно е однесувањето на СДС, затоа што истиот Венко Филипче на кого му изгореа живи 14 наши сограѓани во тетовската модуларна болница и во неговото време се случи најголемиот погром со КОВИД кризата каде илјадници сограѓани ги загубија животите“, вели Андоновски. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=cwjX0A9H-zQ[/embed]
Povezane vijesti

Magyar našao kandidatkinju: Svjetski poznata šahistica buduća predsjednica Mađarske?

„Svi se boje smrti“: Kako mobilizacija vojnika u Ukrajini prerasta u nasilje
