Андоновски: Партнерства што ја позиционираат Македонија на мапата на дигитални инвестиции

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска соопшти дека е потпишан Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group, со кој, како што наведува, се отвора нова можност за инвестиции во дигиталната инфраструктура на Македонија. Андоновски информира дека меморандумот бил потпишан со претседателот на Бордот на Emirates Investment Group, Н.Е. д-р Хамад Ал Шамси. „Партнерства што ја позиционираат Македонија на мапата на дигитални инвестиции“, напиша Андоновски, додавајќи дека целта е воспоставување рамка за соработка за привлекување меѓународни инвеститори, стратешки партнери и технолошки оператори. Според министерот, со договорот се предвидува соработка во областа на дигиталните иновациски хабови, подготовка на стратешки и инвестициски материјали, советодавна поддршка, како и усогласување со најдобрите практики од Обединетите Арапски Емирати и меѓународните стандарди. „Ова е важен чекор за поголема видливост на Македонија како земја со потенцијал за дигитални иновации, нови технологии и инвестиции. Продолжуваме да градиме партнерства кои носат реални можности за технолошки и економски напредок на државата“, порача Андоновски. Од Министерството посочуваат дека целта на иницијативата е Македонија да се позиционира како атрактивна дестинација за развој на дигитални проекти и привлекување нови технолошки компании.
Povezane vijesti

Андоновски со отчет за дигитализацијата: Македонија со скок од 22 места на индексот на Светска банка

ВИДЕОАНКЕТА: Дата-центри во Македонија, да или не?
