klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Андоновски: Националниот дата-центар ќе ја обедини државната ИТ инфраструктура – помалку трошоци и повисока безбедност

Андоновски: Националниот дата-центар ќе ја обедини државната ИТ инфраструктура – помалку трошоци и повисока безбедност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 08. 2026. 19:07:28

Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ. Според Андоновски, денес државните информациски системи и опрема се распоредени во повеќе од дваесет помали дата-центри и серверски локации, што создава дополнителни трошоци за опрема, електрична енергија, ладење, непрекинато напојување, одржување и безбедност. „Не можете да градите дигитална држава, а истовремено да се грижите за десетици серверски простории и опрема распоредени низ целата држава. Пластично кажано, тоа е како да управувате со 20 мали ниви расцепкани од Охрид до Куманово и од Скопје до Струмица – на секоја локација ви требаат опрема, луѓе, логистика и безбедност. Националниот дата-центар ќе ни овозможи сето тоа да го консолидираме и да воспоставиме единствени стандарди“, изјави Андоновски. Тој нагласи дека Националниот дата-центар е инфраструктурен проект кој треба да ја поддржи следната фаза од дигиталната трансформација на државата – растот на електронските услуги, интероперабилноста меѓу институциите, државниот облак, дигиталниот идентитет и примената на нови технологии. „Ако сакаме повеќе услуги…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti