Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција. Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар. „Донесовме одлука заради визијата и решеноста на Премиерот и во моментов работиме на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар“, истакна Андоновски. Министерот појасни дека дата центарот не претставува само објект во кој се сместени сервери, туку клучна државна инфраструктура врз која ќе се темели дигиталниот развој на земјата. „Ако патиштата ги поврзуваат градовите, дата центарот ги поврзува институциите. Наместо секоја институција да има свои серверски простории со различно ниво на безбедност, државата ќе има едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно место од каде ќе се обезбедуваат дигиталните услуги во наредните 20 до 30 години“, нагласи тој. Андоновски информираше дека веќе е изработена физибилити студија која потврдува дека проектот е технички и финансиски изводлив. Според визијата на Министерството, Македонија треба да добие современ Tier III…


