klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Андоновски: Компаниите конкретно да кажат – кои услуги да се дигитализираат

Андоновски: Компаниите конкретно да кажат – кои услуги да се дигитализираат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·03. 07. 2026. 13:08:37

Компаниите да бидат конкретни во барањата, да кажат точно што им треба, кои услуги да се дигитализираат. Ни недостасува фидбек од нив. Им стоиме целосно на располагање. Изминативе две години покажавме дека сме многу отворени и за коментари, и за критики, и за нови идеи, и за заедничка соработка, но мислам дека е потребно малку повеќе да ги операционализираме работите, да намалиме со бројката на состаноци, а да зголемиме со бројката на имплементирани проекти, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Андоновски, кој беше меѓу панелистите на форумот "Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, укажа дека бизнисот многу малку ги користи дигиталните услуги што ги нудат институциите. -Компаниите на меѓународниот пазар веќе не се натпреваруваат само со производ и со цена. Се натпреваруваат и со стандарди, со исполнување услови, со деловни практики, со системи. И во таа насока мора да размислуваме, да ја користиме дигитализацијата како алатка во процесот на градење одржливост, ефикасност и отпорност. Би спомнал три области. Ние, прво, многу се фокусиравме на порталот за услуги и веќе се достапни десетици услуги кои се однесуваат исклучиво на компаниите. Од потврдите за неосудуваност, кои често им се потребни, до скоро сите услуги на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti