klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Андоновски и Проданоски го посетија Центарот за услуги во Прилеп: Реализирано уште едно ветување за граѓаните

Андоновски и Проданоски го посетија Центарот за услуги во Прилеп: Реализирано уште едно ветување за граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 07. 2026. 11:03:21

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција, административните услуги достапни преку Националниот портал – uslugi.gov.mk им се доближуваат на граѓаните од Прилеп и околината. „Ми претставува особено задоволство што започна со работа Центарот за услуги во Прилеп, заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, сместен во просториите на даночното одделение на Општината. Особено ми е драго што услугите достапни преку Националниот портал за електронски услуги сега им се достапни на граѓаните и преку оваа канцеларија. Ветивме Центар за услуги во Прилеп и тоа ветување денес го реализираме. Прилеп доби и Wi-Fi зона со бесплатен интернет, што е уште една потврда дека градот го вклучуваме меѓу приоритетите во процесот на дигитализација и дека најавените проекти ги претвораме во конкретни резултати.“ изјави Андоновски. Центарот функционира по принципот „едношалтерски систем“, овозможувајќи им на граѓаните на едно место да добијат информации, поддршка и пристап до услуги од повеќе институции. Градоначалникот Проданоски се заблагодари за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti