Андоновски: Блокадата на измените на Изборниот законик го оневозможи олеснувањето на гласањето на дијаспората

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска изрази жалење што не беа усвоени измените на Изборниот законик со кои, како што рече, требало да се овозможи полесно гласање на македонската дијаспора, оценувајќи дека на тој начин практично се ограничува едно од основните уставни права на иселениците. Според министерот Андоновски, граѓаните кои живеат во странство имаат законско и уставно право да гласаат, но постојниот систем значително го отежнува неговото остварување. -Тие по закон и Устав го имаат тоа право. Да патувате илјадници километри два пати за да можете да гласате на определени избори навистина претставува скратување на тоа право - изјави Андоновски денеска во Крушево на отворањето на новиот Центар за електронски услуги за граѓаните. Министерот нагласи дека во претходните политички разговори не постоело принципиелно спротивставување на идејата за гласање на дијаспората, туку главно се дискутирало за моделите според кои тоа би се спроведувало. -Ние се обидовме за дијаспората да го овозможиме овој вид на гласање и изненадува фактот што и на разговорите кои што претходно сме ги имале како политички партии, никој не го спречувал или никој не го опонирал гласањето на дијаспората, само се дискутирало околу модалитетите. Ние дозволивме овој пат секакви модалитети – дали ќе биде електронско гласање…


