klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Андоновска: Оние кои оставија распадната држава, систем и институции креираат хистерија, а од друга страна Владата ги презема сите мерки што требаше да ги преземе општина Гостивар

Андоновска: Оние кои оставија распадната држава, систем и институции креираат хистерија, а од друга страна Владата ги презема сите мерки што требаше да ги преземе општина Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 07. 2026. 19:09:04

„Во однос на контролата и надлежноста на институтот, самите обвинувањата се неосновани, мотивот за сето тоа мислам дека знам од каде доаѓа, од причина што оние кои оставија една распадната држава, еден распаднат систем, распаднати институции, нема пора во општеството коешто ја оставија функционална", вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Институтот за јавно здравје во гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на обвинувањето на опозицијата за водата за пиење во Гостивар. Еве, посочи Андоновска, јас тргнувам од мојата институција каде што првиот ден кога дојдов, дојдов во време, не на прогласена епидемија во еден град како сега, јас дојдов кога беа прогласени епидемии и во Куманово и во Скопје, пертусис. „Еден реагенс немаше. Замислете еден реагенс за да можете да дијагностицирате дали некој има пертусис или не, за да му дадете соодветна терапија. Истите тие коишто ги создаваат и креираат проблемите, што прават хистерија во моментов, оставија во Институтот десет тони хемиски опасен отпад во кругот на Клинички центар, непрописно складиран, со паднат покрив каде што самиот отпад веќе почнал да испарува и, веројатно, можел да создаде одредени здравствени проблеми како што кажуваат стручните лица. Значи, можело да настане и хаварија и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti