klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Анастасија Мојсовска заврши 18-та во Таранто со воздушна пушка на 10 метри

Анастасија Мојсовска заврши 18-та во Таранто со воздушна пушка на 10 метри
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·27. 08. 2026. 05:16:23

Анастасија Мојсовска го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто на 18. место во дисциплината воздушна пушка на 10 метри. Македонската репрезентативка оствари резултат од 616,9 поени, што не беше доволно за пласман меѓу најдобрите осум и место во финалето. Најуспешна во квалификациите беше Србинката Анѓелија Стевановиќ, која со 632,7 поени го освои првото место. Втора заврши Турчинката Дамла Косе со 631,1 поен, додека третото место ѝ припадна на уште една претставничка на Србија, Александра Стојадиновиќ, со 630,0 поени. Во финалната рунда се пласираа осумте најдобри натпреварувачки, од вкупно 26 учеснички колку што настапија во квалификациите.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti