klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Анализа на ПЕТАР АРСОВСКИ: „СДСМ на раскрсница: Поделба или нов почеток?“

Анализа на ПЕТАР АРСОВСКИ: „СДСМ на раскрсница: Поделба или нов почеток?“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·03. 07. 2026. 08:54:36

На прв поглед, македонската политичка сцена почнува да добива контури кои потсетуваат на Србија од последната деценија. Од едната страна стои доминантна власт со цврсто парламентарно мнозинство и јасно политичко лидерство, додека од другата страна опозицијата, по изборниот пораз, сè уште го бара својот нов идентитет, нова енергија и нов политички наратив. Таквата слика имплицира дека С. Македонија полека влегува во „српски модел": една силна владејачка партија која најверојатно ќе доминира со години, и опозиција заробена во интриги, внатрешни поделби и лидерски битки. Последните случувања, вклучително и пojавата на ново политичко движење кое произлегува од кругови блиски до опозициската СДСМ, навидум само ја зајакнуваат таквата перцепција, засилувајќи го впечатокот дека фрагментацијата на опозицијата само ја зацврстува оваа еднополарна слика, анализира Петар Арсовски за Дојче Веле. Но, токму тука вреди да се постави едно поинакво прашање: дали секоја нова политичка иницијатива навистина ја фрагментира опозицијата? Или, можеби, токму таа е првиот знак дека опозицискиот простор почнува повторно да се раздвижува? Кај нас постои речиси автоматски рефлекс секое ново движење да се перципира како уште една поделба, па оттаму и автоматски – како напад врз опозицијата. Логиката изгледа едноставна: ако се пojави нов политички субјект, тој ќе одземе дел од гласачите на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti