АНАЛИЗА: Кога лидерот ќе ја изгуби довербата, партијата го губи компасот – политичките автоголови на Венко Филипче

Последната анкета на агенцијата Маркет вижн за рејтингот на политичките партии и на нивните лидери покажа зошто СДСМ и нејзиниот претседател делуваат конфузно, очајно и целосно ирационално кога се работи за демократијата и националните интереси. Според таа анкета ВМРО-ДПМНЕ има 20,5% доверба кај испитаниците за следните избори, а СДСМ само 6,2% или три и пол пати помалку. Разликата помеѓу Мицкоски и Филипче, како предводници кои ќе бараат премиерски мандат е уште поголем, 23,3% во корист на актуелниот премиер е уште поголема, дури 5 спрема 1. Колку да ги негира, релативизира, па дури и банализира овие бројки, Венко Филипче и неговата партија знаат дека следните избори нема да бидат пораз, туку катастрофа. Не само за нив, туку и за партијата во целост која може да замине во политика историја. Кога е јасно дека губиш, се трудиш барем да не загубиш катастрофално. Да оставиш надеж за следниот возвратен натпревар. Да му влееш надеж на членството и симпатизерите со чекорите кои ги преземаш. Но, толку многу грешки во чекори не направиле сите заедно претходни лидери на СДСМ, како што тоа го прави Венко Филипче. Веројатно охрабрен и воден од лошиот ПР тим од Башановиќ и соработниците. Прво бараат избори, па стравуваат да не…
Povezane vijesti

LIJEPI STRAH: Za 24 sata Tužilaštvu poslano 309 krivičnih prijava, negatori genocida brišu i objave i profile društvenih mreža

Иран: Немаме планови за преговори, остануваме фокусирани на одбраната од американските напади
