АНАЛИЗА: Империјата се врати дома

Европа со децении се тешеше дека Шпанската граѓанска војна беше пресметка меѓу две големи идеологии. Фашизмот против републиката. Реакцијата против револуцијата. Но таа приказна е удобна затоа што почетокот на трагедијата го преместува во парламентите, во партиите и во политичките говорници. Вистината е понепријатна. На 17 јули 1936 година војната не започна во Мадрид, таа започна во шпански Мароко. Во гарнизоните на една колонијална војска што со години беше воспитувана да владее со сила, а не со политика. Насилството што Европа го држеше далеку од себе, на африканскиот брег, се врати дома, анализира Далибор Станковиќ за НОВА МАКЕДОНИЈА. Империјата секогаш мисли дека може да го контролира насилството. Историјата речиси секогаш покажува дека не може. Со векови европските сили ја градеа својата моќ така што војните ги водеа надвор од континентот. Колониите беа простор каде што се тестираа армии, оружја и политички доктрини. Она што беше незамисливо во Париз, Лондон или Мадрид, беше сосема прифатливо во Алжир, Конго, Индија или Мароко. Насилството имаше адреса далеку од европската совест. Но историјата има една сурова навика. Моделите што долго ги применувате врз другите, порано или подоцна почнуваат да се применуваат врз вас. Денес Европа повторно зборува со јазик што долго време изгледаше дека…


