klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·23. 08. 2026. 13:47:55

Два американски авиони цистерни KC-135 ја напуштија бугарската воздухопловна база Безмер, потврди бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции во Иран. Соединетите Американски Држави, кои се во војна со Иран од 28 февруари, пред еден месец побараа нивно привремено распоредување во Бугарија според договор што го регулира споделувањето на воените објекти. Иран веднаш остро реагираше дека нивното распоредување би претставувало учество во „агресија и воени злосторства“, потег што Софија го отфрли. - Носителите на одлуки во Бугарија мора да ја сносат одговорноста за опасната одлука за стационирање на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи. Бугарија ја засили безбедноста во воздухопловната база Безмер по извештаите дека Иран разгледува можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, вклучително и оние во Бугарија. Реакцијата на бугарските власти дојде откако „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извори блиски до иранскиот режим, објави дека иранските сили ја проценуваат можноста за напад врз американски воени објекти во југоисточна Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го ескалира конфликтот со Иран. Распоредувањето на авионите, што беше одобрено од бугарскиот парламент на 22 јули, предизвика протести на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti