klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Американски истражувачи со помош на ВИ алатка ќе ја одредуваат здравствената состојба на пациенти болни од рак

Американски истражувачи со помош на ВИ алатка ќе ја одредуваат здравствената состојба на пациенти болни од рак
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·20. 10. 2026. 10:12:45

Американски истражувачи од болницата „Мас џенерал бригам“ (Mass General Brigham) во Масачусетс, со помош на ВИ алатка тестирана на повеќе од 40 милиони фотографии, ќе ја одредуваат моменталната здравствена состојба на пациентите болни од рак. По направената споредба со наодите и возраста на пациентите, се докажала староста на телото, а не нивните години. Според Хуго Аертс, професор на Универзитетот Харвард и директор на програмата за вештачка интелигенција во медицината при „Мас џенерал бригам“, новиот модел овозможува директна процена на шансите за преживување кај пациентите заболени од рак врз основа на нивните фотографии. Аертс изјавил дека ова е прва алатка од ваков вид. - Колку што ни е познато, ова е првпат да се покаже дека модел на вештачка интелигенција може директно да го предвиди преживувањето кај пациентите со рак врз основа на обична фотографија, рекол Аертс. Меѓу другото, истражувачите утврдиле дека и животните навики, како што се прекумерното консумирање алкохол, употребата на дроги и пушењето цигари влијаат врз биолошкото стареење, а најстаро изгледале пушачите. Рејмонд Мак, вонреден професор по радијациска онкологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард, изјавил дека истражувачкиот тим бил изненаден од резултатите при различни услови на фотографирање, независно од положбата на телото и главата, осветлувањето, изразот на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti