Sport Sjeverna Makedonija
Амелиа Николов и Кристијан Станојковски ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во пинг-понг

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·21. 08. 2026. 11:56:54
Македонските пингпонгари Амелиа Николов (кај жените) и Кристијан Станојковски (кај мажите) ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Љубљана, Словенија, што ќе се одржува од 11 до 18.октомври годинава. На најпрестижното континентално првенство ќе настапат учесници од 40 земји, а учеството на македонските претставници треба да биде убаво искуство и предизвик да се прикажат во најдобро издание. Пред настапот на Европското Николов и Станојковски ќе имаат подготовки предводени од четирикатната светска шампионка Шанг Јининг од Кина.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

