klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Амбасадорот на Казахстан во посета на Охрид, најавено отворање на почесен конзулат

Амбасадорот на Казахстан во посета на Охрид, најавено отворање на почесен конзулат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 15:18:14

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид. На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период. Во рамки на разговорите било најавено отворање на Почесен конзулат на Казахстан во Охрид. Двете страни го поздравиле и тековниот процес за потпишување на билатерален договор за соработка во областа на туризмот меѓу Северна Македонија и Казахстан, со кој дополнително би се унапредиле врските меѓу двете земји. Казахстан е деветта по големина земја во светот, со богато историско наследство, пространи степски предели и динамичен современ развој.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti