klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството

Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 11:16:42

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители. Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со усвојувањето на измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, државата направи силен исчекор. Од тема што предолго живееше под превезот на страв и тема за која се зборуваше во болничките ходници, успеавме да создадеме тема за која се зборува јавно, одговорно и достоинствено. Со овие законски измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе може да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Модулот во „Мој Термин“, преку кој ќе се регистрира волјата на граѓаните, веќе е развиен, истакна министерот Алиу. Тој информираше дека при посета на својот избран матичен лекар, секој полнолетен граѓанин ќе може јасно да се изјасни дали се согласува или не се согласува по смртта да биде дарител на органи и ткива заради лекување. Пред да ја даде изјавата, избраниот лекар ќе има обврска да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti