klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Алиу: Со учеството во EU4Health се отвораат нови можности за развој и модернизација на здравствениот систем

Алиу: Со учеството во EU4Health се отвораат нови можности за развој и модернизација на здравствениот систем
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 10:31:53

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше за потпишувањето на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што претставува значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. „Со потпишувањето на Договорот за EU4Health во Брисел направивме важен исчекор за македонското здравство. Станува збор за најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. Пристапувањето на нашата држава претставува силна потврда за европската перспектива на земјата и за довербата во реформите што ги спроведуваме“, истакна министерот Алиу. Тој посочи дека програмата отвора широк спектар можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар. Министерот појасни дека EU4Health располага со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра и претставува најголемата инвестиција на Европската Унија во здравството. Со пристапувањето кон програмата, Македонија добива можност активно да учествува во европски повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и партнерства со институции од земјите членки и државите учеснички. „Договорот предвидува ослободување од ДДВ, царини и други фискални давачки за добра и услуги финансирани преку програмата. Тоа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti