Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Министерот за здравство, Азир Алиу, на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, која вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во државата. „Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? Нашата задача е да градиме доверба и да создадеме систем во кој семејството однапред ќе ја знае волјата на својот близок. Органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болнички ходник, во мигови исполнети со трагедија. Треба да зборуваме дома, во семејствата, во училиштата, на факултетите, меѓу лекарите и пациентите – јавно и без предрасуди“, истакна во своето обраќање министерот Алиу. Во таа насока, Министерството за здравство спроведува континуирана национална кампања за подигање на свесноста за органодарителството како траен процес на едукација. Паралелно, се работи на вклучување на матичните лекари, училиштата, универзитетите, пациентските здруженија и верските заедници, со цел ова прашање да стане…


