Sport Sjeverna Makedonija
Александар Љафтов потпиша за Штип УГД

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 07. 2026. 14:42:40
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов е нов член на Штип УГД. Искусниот примач, засили штипскиот клуб во пресрет на новата сезона. Љафтов зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи за клубови од Македонија, Турција, Србија, Кипар, Египет, Хрватска, Бугарија, Италија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Грција, Унгарија и Кувајт. Од Штип УГД му посакаа топло добредојде и изразија надеж дека со своето искуство и квалитет ќе придонесе за нови успеси на клубот на домашната и меѓународната сцена.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


