Албанија: Се запали комбе со македонски регистарски таблички, превезувало пилиња (ВИДЕО)

Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. - По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај брзата интервенција, штетата беше голема: значителен дел од товарот беше оштетен, а повеќе од половина од птиците угинаа - објавија медиумите. View this post on Instagram A post shared by TVA News (@tvanews) Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот. Истражниот тим продолжува со работата за целосно разјаснување на околностите на инцидентот.
Povezane vijesti

Direktor podgoričke firme osumnjičen da je utajio 20.000 eura poreza

Uhapšen Tuzanin osumnjičen za šverc 300 kilograma rezanog duvana
