klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Албанија им забрани влез на десетици лица од Македонија поради антивладини протести во Тирана

Албанија им забрани влез на десетици лица од Македонија поради антивладини протести во Тирана
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·09. 07. 2026. 12:37:03

Албанските власти им забраниле влез на повеќе десетици лица од Македонија кои, според информациите во дел од албанските медиуми, планирале да присуствуваат на антивладините протести во Тирана. Според објавените информации, на таканаречената „црна листа“ на Албанија се нашле повеќе од 60 лица поврзани со коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство во Македонија. Меѓу лицата на кои, според медиумските наводи, им бил ограничен влезот се пратеникот Аднан Азизи од ВЛЕН, Беким Ќоку, кој се поврзува со движењето „Ветевендосје“ и ВЛЕН, поранешниот министер за европски прашања Хасим Муртезани, како и општински советници и други јавни личности. Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави дека на антивладините протести во земјата се приклучиле „платени платеници“ од Косово и Македонија, без да наведе конкретни имиња. Од засега нема официјална потврда од албанските институции за причините поради кои на овие лица им бил одбиен влезот во земјата, ниту детали за евентуалните мерки што биле преземени, Случајот предизвика реакции во политичките кругови, а се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti