Албанија е предупредена: Влезот во ЕУ е загрозен поради проектот на Кушнер

Холандската европратеничка Тинеке Стрик, која ја предводеше мисијата на ЕП за утврдување факти во Албанија, изјави дека албанското раководство „си игра со оган“ инсистирајќи на проект вреден 1,4 милијарди евра, кој, според неа, дека ќе го уништи недопрениот брег. Таа во интервју за „Гардијан“ изјави: „Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции за влез во ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп: Жал ми е, ЕУ е мој врвен приоритет. Тие во моментов го загрозуваат процесот за кој толку многу се грижат... Тие си играат со оган“. Членството во ЕУ има поддршка од 92 проценти од албанските граѓани. „Кушнер планира да изгради огромен луксузен комплекс за одмор на албанскиот остров Сазан, а во исто време да гради по должината на дел од недопрениот брег на полуостровот Зврнец, претставувајќи го како место каде што самиот би уживал со семејството и пријателите. ЕП јасно го изрази своето незадоволство минатиот месец. Во резолуцијата, европратениците ги поддржаа демонстрантите и побараа итно прекинување на изградбата во заштитените зони, објави „Гардијан“. По четиридневната посета на местата планирани за изградба, Стрик рече: „Ако продолжат, ќе имаат големи проблеми со ЕУ за време на преговорите, особено…


