klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Алармантно: Морбилите однесоа повеќе од 800 детски животи

Алармантно: Морбилите однесоа повеќе од 800 детски животи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 19:12:04

Бројот на деца кои починале од потврдени или сомнителни случаи на мали сипаници (морбили) во Бангладеш во изминатите четири месеци се зголеми на 803, откако во последните 24 часа починаа уште шест деца со симптоми на болеста, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство. Според дневниот билтен на Генералната дирекција за здравствени услуги, од вкупниот број смртни случаи, кај 95 деца лабораториски е потврдена инфекција со вирусот на сипаници. Четири од шесте најнови смртни случаи се регистрирани во округот Дака. Во истиот 24-часовен период здравствените власти евидентирале 133 лабораториски потврдени случаи на морбили и уште 904 сомнителни инфекции. Со тоа, бројот на потврдени случаи од средината на март достигна 14.841, додека бројот на сомнителни случаи се искачи на 120.352. Бангладеш, кој има околу 175 милиони жители, продолжува да се соочува со сериозни потешкотии во справувањето со епидемијата. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), повикувајќи се на податоци на Светската здравствена организација (СЗО), минатата недела соопшти дека Бангладеш е меѓу најпогодените земји, со 42.174 потврдени или сомнителни случаи регистрирани во периодот од декември до мај. СЗО наведува дека Бангладеш претходно имал постигнато колективен имунитет против мали сипаници, но во последните години го изгубил поради намалениот опфат со вакцинација…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti