Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк

Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“. Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и Филаделфија, како и во сојузната држава Њу Џерси, каде в недела треба да се одржи финалето на Светското првенство во фудбал. Њујорк, во текот на вчерашниот ден, беше под предупредување за квалитетот на воздухот поради нездрави нивоа на загадување. Шумските пожари предизвикуваат зголемување на концентрациите на ситни честички PM2.5, едни од најштетните загадувачи за човековото здравје, како и ослободување други токсични загадувачи. Во меѓувреме, нов бран пожари во северозападниот дел на Онтарио, кој започна на 13 јули долж фронт долг околу 500 километри, придонесе покраината да го достигне највисокото годишно ниво на проценети емисии од пожари заклучно со 16 јули. Научникот од „Коперник“, Марк Парингтон, вели дека активноста на шумските пожари во Канада значително се засилила во изминатите недели. – Има јасно засилување на активноста на шумските пожари во Канада во последните неколку недели. Чадот од големите…


