Актуелниот првак на стартот на сезоната совладан од ЖКК Вардар

Кошаркарките на Вардар на најдобар можен начин ја започнаа новата сезона во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени каде во дербито на првото коло, вардарки одиграа одлично против актуелниот шампион Крива Паланка и заслужено стигнаа до значаен триумф од 82-70. Во победничкиот состав дури пет кошаркарки остварија двоцифрен поентерски ефект. Капитенот Тасевска беше најефикасна со 17 поени, шест скока и пет асистенции. Пислевска и новото засилување Донмез постигнаа по 16 поени, Николи придонесе со 13 поени и шест скока, додека Трајковска забележа „дабл-дабл“ учинок од 12 поени и 10 скока. Кај Крива Паланка, капитенот Алексовска се истакна со 25 поени и пет скока. Гордон оствари „дабл-дабл“ со 22 поени и 11 скока, а Ли го заврши натпреварот со 15 поени и осум скока.


