klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·07. 08. 2026. 11:21:56

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште. Од пожарите ставени под контрола, едниот е на депонија во општина Делчево, а другиот во место викано „Стојанова населба“ во подрачјето на село Грешница, општина Македонски Брод, каде опожарени се ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti