klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Активни два пожара кај Трубарево и Опаје, еден изгаснат во Велес

Активни два пожара кај Трубарево и Опаје, еден изгаснат во Велес
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 06. 2026. 13:44:41

Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата „Димко Најдов“ опожарена била ниска вегетација.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti