klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 08. 2026. 07:25:19

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани - кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод - кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево - село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково - кај селото Никуштак, во Општина Крушево - кај селата Белушино и Јакреново, во Општина Врапчиште - кај село Ломница, во Општина Желино - кај село Церово, во Општина Тетово - кај село Бродец и во Општина Прилеп - кај село Бонче. Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај прилепските села Чаниште, Крушевица, Лопатица и Дуње кон Црна Река.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti