Актерот Тони Наумовски е добитник на наградата „Мето Јовановски“

Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. -Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За жал никогаш немав прилика да соработувам со него но секогаш уживам, се радувам и му се воодушевувам на неговите маестрални актерски остварувања, вели Наумовски. Тони Наумовски е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината балканци кои во Њујорк имаат своја кариера во театар, на филм и телевизија. Tоа што актерот го живее таму, во рајскиот голем град, не може да се раскаже, треба да се одживее, да се преживее и да се живее, секој ден, секоја секунда и секој здив со кој се дише животот и прима духот на слободата за да се прави тоа што се мечтае со отворени очи. Или да се одигра на филм. Тој тоа го направи во прво лице еднина во `„Мојот Њујорк“ каде се игра себе самиот, емигрант и лунатик. Да се биде на сцена, да се…
Povezane vijesti

Од 4 до 8 август, во Струмица по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Nakon romana i predstave ‘Vidi kako Lokrum pere zube‘, stiže novi roman Ivane Lovrić Jović ‘Devet receptora za gorko‘, a predstavljanje je na Bokaru
