Svijet Sjeverna Makedonija
АЈВАНИ НА 14 И 13 ГОДИНИ: Двајца малолетници тешко повредени при превртување на четирицикл кај Гостивар

Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 08. 2026. 18:53:00
Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди откако четирицикл излетал од патот во гостиварското село Дебреше, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 1 август во 22:06 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во селото Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од селото Чегране, на кој како сопатник бил 13-годишник од Дебреше, излетал од патот. Во несреќата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

