klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

АХВ: Во Гостивар извршени 70 вонредни контроли, изречени казни од 7.750 евра

АХВ: Во Гостивар извршени 70 вонредни контроли, изречени казни од 7.750 евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 11:39:56

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски надзори кај оператори со храна во Гостиварско, при што е утврдено дека се почитува забраната за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Како што информираат од АХВ, контролите биле извршени во угостителски објекти, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производители и пакувачи на овошје и зеленчук, како и кај други оператори со храна. Инспекторите не констатирале прекршувања во однос на користењето на водата. За послужување на гостите, миење на садови, работни површини и опрема се користела пакувана или друга безбедна вода, а во угостителските објекти биле употребувани пластични и хартиени чаши и прибор. Сепак, при контролите биле утврдени повеќе други неправилности. Кај пет оператори не биле спроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, кај 18 оператори вработените немале задолжителни здравствени прегледи, а 11 правни лица работеле без да бидат регистрирани како оператори со храна во АХВ. На овие субјекти, покрај парични казни, им е изречена и привремена забрана за вршење дејност до нивно регистрирање. Дополнително, кај двајца оператори е откриено пуштање во промет на небезбедна храна, при што биле уништени 18 килограми производи, меѓу кои виршли, кисело млеко, јогурт, слајс салами и путер. За утврдените неправилности инспекторите изрекле…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti