klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ахмети и 24-годишниот срам: Знамето го постави затоа што мора

Ахмети и 24-годишниот срам: Знамето го постави затоа што мора
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Јове Кекеновски·27. 07. 2026. 07:58:44

Грчката аналитичка мрежа ИБНА во поставувањето на македонското државно знаме во кабинетот на Али Ахмети гледа редефинирање на политичкиот наратив и на ставот на ДУИ, премин од етничка мобилизација кон институционален кредибилитет и обид партијата повторно да се претстави како сериозен и кредибилен политички фактор. Можеби анализата е точна. Можеби Ахмети навистина се обидува да му се приближи на премиерот Христијан Мицкоски. Можеби се подготвува за некоја идна коалициска комбинација. Можеби сака да испрати порака до странските амбасадори дека ДУИ повеќе не е само партија на етнички барања, туку политичка структура која го почитува државниот поредок. Но постои и многу поедноставно објаснување. Знамето го поставил затоа што требало да биде таму. Затоа што така мора. Не затоа што Али Ахмети доживеал ненадејно политичко и државно просветлување. Не затоа што ДУИ преку ноќ се преобразила во граѓанска партија. Не затоа што државното знаме е новооткриен симбол на политичка умереност. Туку затоа што македонското знаме е знаме на државата во која Ахмети живее, дејствува, учествува во политичкиот живот, профитира од политиката и повеќе од две децении претендира да одлучува за нејзината сегашност и иднина. Според објавените информации, државното знаме било поставено во неговиот кабинет дури по 24 години, и тоа по сугестија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti