Аеродром ги ослободува јавните површини: Се отстрануваат хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила

Општина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место - депо на Општината, со што се ослободуваат паркинг-места и простор што треба да им биде достапен на граѓаните. Инспекторатот продолжува со спроведување постапка за отпадни, хаварисани и возила што се нерегистрирани повеќе од три години. По завршувањето на соодветните постапки, ќе следува нивно отстранување од јавните површини, како и соодветни санкции согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Одлуката за комунален ред на Општина Аеродром. Истото важи и за камп-приколките и чамците оставени на јавни паркинзи и на други јавни површини. Јавниот простор не смее да биде долгорочно зафатен со предмети и возила што не се во функција. Целта е јасна – повеќе слободни паркинг-места, поголема безбедност, подобар комунален ред и почист и поуреден Аеродром, велат од општината. Оттаму апелираат до сопствениците навремено да ги отстранат хаварисаните, отпадните и возилата што подолг период не се регистрирани, како и камп-приколките и чамците. Од Општина ќе…


