klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026

5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 07:27:55

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните, велат од партијата. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра. СДС и ДУИ со години наназад зборуваа за економски развој, а зад себе оставаа затворени фирми, иселување и рекордна невработеност, денес се реализираат мерки со јасна цел, поддршка на стопанството и отворање нови работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката, една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. Овие проекти се директна инвестиција во македонската економија, во домашните компании и во македонските работници. Со секое ново работно место се зајакнува економијата, се подобрува животниот стандард и се создаваат услови младите својата иднина да ја градат дома. Владата продолжува со реализација на мерки што даваат резултати. Се испорачуваат конкретни политики и реална поддршка за стопанството, се вели во партиското соопштение. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti